Хамилтон: Браун во кујна ме убеди да потпишам со Мерцедес

Луис Хамилтон во Истанбул ја оствари 94 победа во кариерата во Формула 1 и ја обезбеди седмата титула со што се израмни на вечната листа со легендарниот Михаел Шумахер. Тој во болидот на Мерцедес стигна во 2013 година од кога со германскиот производител освои шест титули. Сепак, пресудно за неговото доаѓање бил состанокот со поранешниот прв човек на тимот, Рос Браун кој се одржал во кујната на куќата на неговата мајка.

„Рос дојде во куќата на мојата мајка. Седевме во кујната и пиевме чај. Ми објасни колку се долгорочни плановите на екипата и кои промени се подготвени да ги направат. Тоа ме привлече и пресуди јас да потпишам со Мерцедес“, изјави Хамилтон. 

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 29. ноември во Бахраин.

Се вчитува...