Хамилтон доби казна од 25 илјади евра и закана за суспензија

Мерцедес е казнет со 25 илјади евра по вчерашните квалификации за Големата награда на Сингапур поради процедурални грешки поврзани со правилото возачите да не носат накит додека се во болидите. Хамилтон повторно го прекрши правилото, а сега му се заканува и годишна суспензија.

Тимот погрешно го исполнил формуларот пред квалификациите во кој е потпишано дека нивниот возач ќе се држи до правилата, но тој го задржа пирсот на носот. Британскиот возач притоа говореше на темата, велејќи дека тоа е здравствен проблем.

„Со години носам пирс на носот. Тој се зацврстил од носење и не можев да го извадам па ми прогледаа низ прсти за дел од трките додека не најдам решение. Кога го најдов истото намерував да го вадам и да го ставам по потреба, но ми се инфицираше местото и носот ми потече. Лекарите ме советуваа да го вратам пирост и да не го вадам, а поради тоа местото заздраве. Тоа е мој здравствен проблем и повеќе немам грижа што мислат тие“, вели седумкратниот шампион.

Се вчитува...