Хамилтон доминантен и во Бахреин, на трката која ја одбележа инцидентот на Грожан

Луис Хамилтон стигна до својата 95. победа во кариерата, триумфирајќи и на трката за Големата награда на Бахреин, која ја одбележаа два инциденти за кратко време.

Двата инциденти ги предизвика рускиот возач Данил Квјат, кој напрвин се судри со Ромен Грожан, по што дојде до експлозија на болидот на Французинот. За среќа, Грожан успеа да се извлече од огинот, кој буквално го уништи неговиот болид. Квајт го предизвика и вториот инцидент со Строл преку контактот со гумите.

Хамилтон на трката триумфираше пред Макс Ферстапен, и Алекс Албон од Ред бул, а до десеттото место се пласираа Норис, Саинц, Окон, Гасли, Рикардо, Ботас, Окон и Леклер.

„Сите сме свесни во какви опасности се впуштаме кога ќе влеземе во болидот, но на крајот победите ни даваат сила“ – изјави Хамилтон по трката.

За Луис Хамилтон ова е единаесеттата победа сезонава, а тој веќе ја обезбеди седмата титула по ред во Формула 1.

Се вчитува...