Хамилтон е недопирлив во Формула 1

Луис Хамилтон уште еднаш потврди дека апсолутно доминиа во светот на Формула 1 откако денеска славеше на трката за ГН на Португалија. Британецот сега има две први и едно второ место во првите три трки од сезонава, јасно ставајќи до знаење дека е главен фаворит за титулата и оваа сезона во Ф-1 шампионатот.

Валтери Ботас ја почна денешната трка од пол-позицијата, но финскиот возач повторно не успеа да стигне и до победата. Ферстапен на самиот старт го мина Хамилтон, но светскиот првак набрзина се консолидираше, најпрвин му возврати на возачот на Ред Бул, а потоа го остави зад себе и тимскиот колега Ботас. Хамилтон потоа во голем стил го извозе остатокот од трката, не дозволувајќи им на ривалите ниту ронка надеж дека би можеле да ги замрсат неговите сметки на патот до 97. победа во кариерата.

Ферстапен на крајот ја заврши трката на втората позиција, Ботас беше третопласиран, а бодови на денешното португалско гран-при освоија уште и Перез, Норис, Леклер, Окон, Алонсо, Рикиардо и Гасли.

Се вчитува...