Хамилтон е новиот „витез“ во Британија

Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион во Формула 1, ја доби титулата „витез“ од кралицата Елизабета Втора, која традиционално ги наградува Британците за Нова Година.

За една година на историски пресвртници и големи признанија, Луис Хамилтон во неколку наврати напиша страници од историјата. Британецот стана рекордер по бројот на победи во Формула 1. Тој успех го постигна на Големата награда на Португалија. Хамилтон го престигна легендарниот Михаел Шумахер, кој се најде на подиумот во кариерата дури 91 пати. На крајот на сезоната, Хамилтон застана на 95 победи, ја освои рекордната седма светска титула и го израмни рекордот на Михаел Шумахер.

Наградата, која датира од средновековните времиња и се нарекува „Сер“, им се доделува на Британци со извонредни достигнувања во текот на изминатата година. Долго време се шпекулираше дека британскиот возач, кој претходно го доби медалот „МБЕ“, може да биде награден со титулата „витез“. Не само достигнувањата во светот на спортот, туку и борбата за човековите права влијаеше тој да добие одликување.

Се вчитува...