Хамилтон: Ф1 е затворен клуб на милијардери

Седмократниот шампион на Формула 1, Луис Хамилтон отворено говореше за моменталната ситуација во најбрзниот шампион, а упати и критика за се поголемиот број на возачи кои своето место го заслужуваат во ова натпреварување поради богатството на нивните родители.

Најновиот пример е Никита Мазепин, чиј татко е главниот спонзор на Хас. Младиот Русин е целосна утка на сезоната. Во првата трка излета од патеката во првиот круг, додека на следните три трки забележа катастрофални резултати. Покрај него тука се и Канаѓанецот Ленс Строл и Николас Латифи.

„Пораснав во работничко семејство и сигурно немаше да бидам тука доколку ситуацијата беше таква каква што е денеска. Денеска морате да се натпреварувате со парите на другите возачи. Мора да направиме промена за во иднина да биде достапна и за луѓето како мене“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...