Хамилтон: Фрустрирачки е… се трудиш, а болидот не сака да биде подобар

Луис Хамилтон претходната сезона испушти златна шанса да стигне до осмата титула во Форума 1 шампионатот со која ќе го преминеше Михаел Шумахер на вечната листа, а дали ќе добие нова шанса во новата сезона со оглед на болидот кој заостанува зад водечките Ред Бул и Ферари останува да видиме.

Мерцедес во моментот заостанува пола до една секунда зад италијанскиот и австрискиот тим, а така беше и на последниот тренинг по кој незадоволството го искажа самиот Британец.

„Тоа беше тежок тренинг. Ниедна промена на подесувањата на болидот не ни ги дадоа резултатите кои ги посакувавме и тоа е голем проблем. Мораме да останеме оптимисти и да продолжиме со прилагодувањата, но едноставно болидот не сака да биде подобар. Првиот тренинг беше подобар, но вториот далеку потежок. Не знам. Милсам дека нема да ни биде тешко да се вратиме. Во моментот таква е ситуацијата и мораме да работиме на подобро. Фрустрирачки е бидејќи се трудиш да возиш најдобро што можеш, но и покрај тоа заостануваме по една секунда зад другите“, изјави Хамилтон.

Луис Хамилтон по две трки има само шестнаесет освоени бода.

Се вчитува...