Хамилтон го допре дното: Ферстапен го претекна Британецот за цел круг (ВИДЕО)

Луис Хамилтон претходната сезона беше на чекор да испише историја во Форума 1, освојувајќи ја осмата титула во својата кариера, но откако беше поминат од Макс Ферстапен во последниот круг во последната ГН на сезоната неговата кариера бележи огромен пад.

Многу од тоа се должи на новите перформанси на болидот, но јасно е дека Мерцедес и британскиот возач се разочарувањето на досегашниот дел од Ф1. А, Хамилтон на Големата наградан Имола на која е на 14. место го допре и дното откако во 41. круг беше претекнат за цел круг од лидерот на патеката, Макс Ферстапен…

Се вчитува...