Хамилтон и Ботас: Најдоброто во нашето партнерство? Нема с**ња… (ВИДЕО)

Доминацијата на Мерцедес во последната деценија во најбрзото натпреварување на светот беше одбележана со освојување на шест титули на Луис Хамилтон, благодарение на кои Британецот успеа да се изедначи со Мајкл Шумахер на врвот на листата на шампиони во Формула 1.

За тоа време Хамилтон промени два партнера, Нико Розберг возеше „рамо до рамо“ со Британецот четири сезони од 2013 до 2016 година, додека Германецот го наследи Валтери Ботас, партнерство кое низ годините постана топ тема во медиумите. Финецот во неколку наврати говореше за тоа како е да сте „возач број два“, но сега во интервју на Мердецес, двата возачи поставуваа прашања еден кон друг, говореа отворено за својот однос, како и за други интересни теми, меѓу кои и за првиот човек на тимот, Тото Волф.

„Што е најдоброто во нашето партнерство? Тоа дека нема с**ања? Нема многу ‘чит-чет’?, праша Ботас, по што следеше одговор на Хамилтон…

„Кога веќе имаш одговор, тогаш да, нема многу с**ања… Мислам дека нема нешто специфично што е подобро од останатото. Мислам дека тоа е комбинација на многу работи, и фактот дека нема ‘игри’ помеѓу нас. Се се темели на нашата напорна работа. Има викенди кога можеме да бидеме подобри, н.п., како во Австрија (2020), двајцата знаеме дека треба да одработиме подобро без разлика кој е прв во викендот“, истакна седумкратниот шампион.

Притоа Ботас и Хамилтон се осврнаа и кон интересни моменти со Тото Волф, при што Британецот се присети на моментот од ГН на Барселона во 2016 година и сударот помеѓу него и Росберг.

„Најлут момент во кој го имам видено Тото, мора да биде еден од моментите кога се судривме со Нико. Најверјатно тоа е Барселона. Видов келави места на неговата глава од што ја имаше „корнето“ косата. Мораше да носи перика дур пораснат“, низ смеа изјави Хамилтон.

Се вчитува...