Хамилтон ја шокираше јавноста – Не знам дали и следната година ќе бидам во Ф1

Луис Хамилтон денеска стигна до нова победа во Формула 1 шампионатот, откако триумфираше на легендарната Имола. Само прашање на време е кога Британецот ќе ја прослави титулата, но изјавата по трката ги шокираше љубителите на најбрзиот циркуз во светот.

„Не знам дали и следната година ќе бидам дел од Формула 1“, кажа Хамилтон на кратко. 

Тој се уште нема потпишано нов договор со германскиот производител, а оваа информација само ги подгреа шпекулациите околу негово заминување во пензија, откако успеа да ги урне сите рекорди во спортот.

Се вчитува...