Хамилтон: Кога ќе исчезне насмевката од моето лице, тогаш ќе се повлечам од Ф1

Големата супер ѕвезда на Мерцедес и Формула 1, Луис Хамилтон, не престанува да руши рекорди и да освојува шампионски титули. Седумкратниот светски шампион, веќе на 36-годишна возраст, ќе биде третиот најстар пилот на патеките следната сезона, зад Кими Раиконен и повратникот Фернандо Алонсо.

Сепак, Британецот е амбициозен и сака да продолжи да победува, па дури и да остане сам на врвот на вечната листа според бројот на освоени шампионски титули.

„Секој човек треба да најде нешто што му дава задоволство, а тоа да го практикува и негува секој ден. Имаме само еден живот и тој е многу краток, да губиме време со нешто што не ни се допаѓа. Формула 1 е сериозен и скап спорт, но кога ќе влезам во болидот, спуштам визир и кога тимот ќе го запали моторот, секогаш ја ставам заштитната кацига со најширока насмевка на лицето. Тоа трае од мојот прв ден во Формула 1. Кога тоа ќе се промени и ако веќе не се смеам, ќе се повлечам“, рече Хамилтон.

Се вчитува...