Хамилтон: Коронавирусот не е шега, среќен сум што сум жив

Луис Хамилтон го победи коронавирусот и успеа да се врати на патеките за последната трка од Формула 1 што се возеше во Абу Даби, но светскиот првак по настапот обелодени дека се уште чувствува здравствени проблеми.

Според Хамилтон, токму тоа било причината за неговото слабо возење, со кое Британецот стигна до третото место, зад Валтери Ботас и Макс Ферстапен.

„Коронавирусот не е шега, никогаш и не мислев дека е нешто такво. Се чувствувам уништен, не се чувствувам добро, фала му на Бога што сум жив. Физички сум далеку од посакуваната форма, но затоа настојував психолошки да бидам стопроцентен за да можам да се вратам на патеките. Успеав, се искачив и на пиедесталот. Кога се има желба, секогаш постои начин“, истакна Хамилтон.

Луис Хамилтон убедливо стигна до нова шампионска титула освојувајќи вкупно 347 бода, далеку пред Валтери Ботас со 223 и Макс Ферстапен со 214 бодови.

Се вчитува...