Хамилтон: Луѓето мислат дека беше лесно, но не е така

Луис Хамилтон забележа нова победа во Формула 1 шампионатот, откако славеше на трката за Големата награда на Белгија која се возеше на патеката „Спа Франкошамп“. Иако Британецот беше лидер во текот на целата трка, тој смета дека не било воопшто лесно да се стигне до победата.

„Луѓето мислат дека беше лесно, но не е така. Температурата на пневматиците полека паѓаше, што значеше дека треба навистина да се намачам. Не се опуштаме премногу, па колку и победи да оствариме, тоа е нашиот менталитет“, изјави Хамилтон. 

Хамилтон сега има 155 бода на лидерската позиција во генералниот поредок, најблиску до него е Макс Ферстапен со 110. Следната Формула 1 трка е по една седмица во Италија.

Се вчитува...