Формула 1 се враќа во етерот овој викенд со ГН на Бахраин со што ќе започне 71 сезона во најбрзото натпреварување во светот. Последната деценија убедливо му припадна на тимот на Мерцедес кој од 2014 година доминира на патеките ширум светот, но првичните најави за оваа сезона велат дека се враќа и изедначеноста.
За ова говореше и самиот Луис Хамилтон кој вели дека походот кон најдобриот учинок во историјата на натпреварувањето нема да биде нималку лесно со оглед на тимската хемија и фактот дека Мерцедес го нема најбрзиот болид.
„Во моментот не сме најбрзи и пред нас се наоѓаат тешки прашања: Како ќе работиме заедно? Како ќе се соединиме за да стигнеме до посакуваната цел? Можам да Ви кажам дека мене многу ме весели овој предизвик и тоа што ќе ги видиме другите тимови блиску до нас. Тоа е биде одлично за навивачите“, изјави Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА