Хамилтон: Не знам зошто, но легендите на Формула 1 сакаат да ме омаловажуваат

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон на пат е да стане најдобар на сите времиња, но и покрај тоа и понатаму не е задоволен од третманот кој го ужива. Тој на трката за Големата награда на Ајфел го стигна Михаел Шумахер по бројот на победи. Сепак, Хамилтон истакнува дека многу луѓе и понатаму го омаловажуваат, а меѓу нив се и легендите на овој спорт.

„Се уште многу луѓе ме омаловажуваат. Особено старите возачи, легендите на нашиот спорт. Опседнати се со тоа. Не знам зошто. Можеби еден ден ќе преминат преку тоа. Јас имам премногу големо почитување кон нив. Ги ценам бидејќи знам дека им било тешко, тоа биле други времиња. На нив им било многу тешко и затоа остануваат легенди. Јас за 20 години нема да омаловажувам ниту еден млад возач кој е успешен“, изјави Хамилтон. 

Покрај тоа што се израмни со Михаел Шумахер по бројот на победи во шампионатот, тој е на добар пат годинава да ја освои титулата со што ќе се израмни со легендарниот Германец и по бројот на освоени трофеи.

Се вчитува...