Хамилтон: Некои луѓе се обидуваат да ме сопрат да триумфирам

Луис Хамилтон трката за големата награда на Русија ја заврши на третото место иако стартуваше од пол-позицијата. Во текот на излегувањето на патеката Хамилтон го вежбаше стартот на недозволено место, а откако трката почна доби казна од десет секунди.

„Прилично сум сигурен дека буквално никој нема добиено две казни од пет секунди за нешто така смешно. Не загрозив никого, тоа го имам направено на патека милион пати во текот на годините и никогаш немало истрага против мене поради тоа. Секако дека казната е премногу остра. Но, тоа е очекувано. Се обидуваат да ме сопрат, зар не? Но, во ред е. Морам да се смирам и да останам фокусиран, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Хамилтон. 

Инаку, неколку часа по завршувањето на трката судијата ги избришаа казнените поени на Луис Хамилтон и на крајот донесоа одлука само да се казниа тимот со 25 илјади евра.

Се вчитува...