Хамилтон: Очекувам многу посилен Фетел во 2019

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон смета дека во 2019 освојувањето на титулата ќе му биде многу потешко во однос на претходната сезона. Тој верува дека Себастијан Фетел и Ферари ќе бидат многу поконкурентни.

„Мораме да очекуваме од Ферари да направи скок, а јас очекувам од Себастијан да биде подобар оваа година. Тоа значи дека и јас морам да бидам подобар. Имавме неколку одлични битки минатата сезона и навистина уживав борејќи се со него. Се надевам дека оваа година ќе има и многу повеќе борба, а очекувам и Ред Бул да биде поконкурентен и така да им биде позабавно на гледачите“  -вели Хамилтон.

Британецот инаку поборник на воведување промени и поголема динамика во Формула 1 шампионатот затоа што смета дека трките им се здодевни на гледачите, дури и изјави дека луѓето заспиваат на стартот и се будат на финишот.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 17 март со трката за Големата награда на Австралија.

 

Се вчитува...