Хамилтон почна преговори за нов договор со Мерцедес

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон вели дека почнал преговори околу нов договор со тимот на Мерцедес. Хамилтон во февруари годинава потпиша само едногодишен договор со германскиот тим.

„Нема тука што многу да се каже, но имавме еден разговор и работите течат позитивно“, вели Хамилтон. 

На крајот на годината покрај договорот со Хамилтон, истекува и договорот на Валтери Ботас кој најверојатно нема да биде продолжен. Најверојатно замена за Валтери Ботас во новата сезона ќе биде Џорџ Расел од Вилијамс.

Се вчитува...