По двонеделната пауза Формула 1 се враќа во етерот со ГН на Португалија каде очекуваме продолжување на неизвеснота на патеката и брзинската битката помеѓу Мерцедес и Ред Бул во главни улоги со Луис Хамилтон и Макс Вестапен. Британецот и Холанѓанецот по две завршени трки се наоѓаат на само еден бод разлика во поредокот со што најавија интересна битка до самиот крај, каква што немавме во најбрзото натпреварување долги години.
Токму за ова говореше и седумкратниот шампион на Ф1 кој вели дека конкуренцијата му дала дополнителен мотив да ужива на трките…
„Не знам што ќе се случи во иднина, но јас сум спонтан човек и многу брзо ги менувам плановите. Уживам во битката која ја имаме и од трка во трка станува се поинтересно што е и повеќе од предизвик. Продолжувам со љубов да работам со овој тим и е многу охрабрувачко тоа што мојот тим работи напорно за да постанеме поинклузивни, но пред нас е долга сезона и сеуште имаме многу работа“, изјави Хамилтон.
Договорот на возачот на Мерцедес со тимот завршува по крајот на сезоната, но Хамилтон кој тестираше за Пирели во пресрет на оваа трка вели дека сака да биде во Португалија и следната сезона.
„Сакам да бидам тука и следната сезона и сакам да им помогнам на Пирели да направат што подобар продукт. Возачите бараат подобри гуми, а јас сум секогаш тука да помогнам“, додаде Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА