Луис Хамилтон ќе тргне како првопласиран на утрешната трка за ГН на Емилија Ромања откако актуелниот светски првак оствари најдобро време на денешните квалификации за пол-позицијата.
Квалификациите донесоа огромна борба, а многу блиску до пол-позицијата беше Серхио Перез од Ред Бул. Сепак, Хамилтон на крајот одговори на предизвикот, стигнувајќи до време што беше за само 0,035 секунди подобро од она на мексиканскиот возач.
Макс Ферстапен, кој вообичаено му е главен ривал на Хамилтон, овојпат се најде на третото место, пред Леклер од Ферари. Повторно разочара Валтери Ботас, кој со вториот болид на Мерцедес оствари само осмо најдобро време во овие квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА