Хамилтон: Ботас ми помогна во освојувањето на титулите

Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон ја признава големата улога што неговиот тимски партнер, Валтери Ботас ја имал во освојувањето на титулите. Ботас во Мерцедес дојде во 2017 и во двете негови сезони во тимот Хамилтон стануваше шампион.

„Многу ми помогна за двете титули, сега повотрно мораме да раобтиме заедно за уште еден напад на тронот. Тој е многу важен за успехот на тимот и благодарение на него имаме одлична атмосфера“ – вели Британецот.

Тој уште додава дека Ботас е најсестраниот возач со кој соработувал и оти од него очекува и во новата сезона да биде уште порешителен од претходно.

Мерцедес е петкратен последовен Формула 1 шампион. Одбраната на двете титули ја почнува на 17. март за кога е закажан стартот на сезоната во најбрзиот шампионат.

 

 

Се вчитува...