Хамилтон: Шумахер е најдобриот Ф1 пилот на сите времиња

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, не летна во облаци ниту после петте круни во најбрзиот циркус. За него Михаел Шумахер засекогаш ќе биде најдобриот Ф1 пилот.

Британецот стигна до 73 победи во кариерата и сигурно следната негова цел е да го надмине рекордот на Шумахер од 91.триумф на трките во Формула 1. Сепак, ниту тогаш, како што вели Хамилтон, тој нема да го преземе приматот на славниот Германец, кој имаше страшна скијачка трагедија и оттогаш се опоравува во својот дом во Швајцарија.

„Рекордот на Шумахер? Не верувам дека ќе успеам да го урнам, но дури и тоа да се случи, Михаел засекогаш ќе остане најдобриот Ф1 возач на сите времиња. Се сеќавам на периодот од 2012 година, кога дојдов во Мерцедес и кога за првпат одблиску се запознав подобро со него. Ми делуваше како божество и секогаш ќе гледам на Шумахер со таков респект“, изјави Луис Хамилтон, во новогодишното интервју за „Билд“.

Британецот во кариерата има 229 настапи на трките во Ф1, оствари 73 победи, освои 83 пол – позиции.

 

Се вчитува...