Хамилтон си најде нова тема за кавга со Ф1

Луис Хамилтон е против на идејата за градење на Ф1 патека во Рио де Женеиро на која треба да се одржува нова трка во најбрзиот шампионат. Формула 1 и Рио имаат договор градот да влезе на распоредот, но патеката воопшто не е ниту почната. Проблем се јавува поради тоа што локацијата каде што треба да биде изградена патеката во мометнов е шума и затоа идејата се соочува со еколошка опозиција.

„Колку што разбрав, од одржувањето на трката нема да имало штета по околината. Но, знаете ли како нема да има штета, ако не сечете дрва. Во мометов се соочуваме со огромна криза поради сечата на шумите. Мене Интерлагос ми е сосема добар“ – се побуни Хамилтон .

Бразилското Гран-при на Интерлагос во Сао Паоло се одржува од 1990 година и договорот со Ф1 му завршува. Годинава трката нема да се одржи поради проблемите со коронавирусот. Новиот проект за трка во Бразил е поддржан и од претседателот на државата, но изградбата на патеката подразбира уништување на илјадници дрва и мора да добие дозвола од институциите надлежи за заштита на животната околина.

Се вчитува...