Хамилтон со пофалби до Рашфорд: Она што го прави инспирира многумина

Младиот играч на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, успеа да ги принуди британските власти да го сменат законот, а ова придонесе да бидат спроведени нови реформи во образованието, па сиромашните деца ќе добијат барем еден топол оброк во текот на денот, дури и за време на летниот распуст во училиштата.

Рашфорд се најде на списокот „Следните 100 највлијателни луѓе“ на магазинот „Тајмс“, а Луис Хамилтон вели дека напорот на Рашфорд да се бори против гладот ​​кај децата навистина инспирира.

„Минатиот јуни, во својата кампања, им рече на сите – знам како е да си гладен. Застанувајќи на страната со оние кои се најранливи во општеството. Маркус инспирираше многу други да му се придружат во оваа мисија и да дадат пример. За една година тој успеа и ја покажа моќта на заедништво, Рашфорд е движечката сила што ги обедини луѓето во обид да не остане гладно ниту едно дете. Неговата решителност и упорност навистина инспирираат и многу се радувам на сè што ќе произлезе од неговата работа“, истакна Луис Хамилтон.

Се вчитува...