Хамилтон: Титулата не ми е единствена цел во 2021

Луис Хамилтон испиша историја во последната сезона во Формула 1, откако успеа да сруши неколку рекорди, а и се изедначи со Мајкл Шумахер на вечната листа со седум освоени титули.

По успешната сезона Британецот потпиша само едногодишен договор со Мерцедес, а сега ја објасни неговата одлука.

„Имав многу среќа да остварам многу работи кои сакав досега. Нема потреба да ја планирам иднината уште сега. Живеме во необично време и затоа сакав договорот да биде на една година. На крајот можеме да разговараме дали сакаме да продолжиме на уште една година“ – изјави Хамилтон.

Покрај приликата да ја освои рекордната осма титула, возачот на Мерцедес ќе има и друга цел…

„Што е приоритетот за 2021 година? Во минатото многу се трудевме да освоиме шампион. Во претходната сезона многу се збореше за еднаквост и инклузиција. Оваа година главната цел е залагање за различност, редно време да се променат одредени мери. Секако, ние постоиме за да победуваме, на тоа работи целиот тим, а и тоа е моја цел“ – додаде Британецот.

Се вчитува...