Хамилтон: Трка како во Монако не смее повторно да ни се случи

Големата награда на Монако повторно ни ја отслика изедначеноста во Формула 1 оваа сезона. Мерцедес немаше свој ден, а тоа одлично го искористија Ред Бул и Макс Верстапен. Холанѓанецот славеше на трката, а со новите 25 бода се искачи на врвот на табелата со 105 бода, четири пред Луис Хамилтон.

Британецот мораше да се задоволи само со седмото место на табелата и шест бода, но возачот на Мерцедес доби и бод за најбрз круг. По трката Хамилтон не ја криеше разочареноста од трката и изјави дека вакви пропусти повеќе не смеат да се случат.

„Постојано говорам дека ќе биде тешка борбата за титула. Ред Бул има болид за титула и ќе биде многу тешко да ги победиме. Озбилен ривал се и тоа се виде во првите четири трки. Во Бахраин славевме во трка која реално не требаше да ја добиеме. Имавме многу проблеми во Монте Карло. Ништо не ни одеше од рака. Вакви работи не смеат да ни повторуваат доколку сакаме да бидеме во борба за титула. Добро е тоа што и покрај сите проблеми во Монако успеавме да добиеме бод за најбрз круг. Кој знае што може на крајот да пресуди“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...