Хамилтон за славната ГН на Абу Даби во 2021 година: Ограбен сум, се уште ме боли поразот

Седумкратниот шампион на Формула 1, Луис Хамилтон и речиси три години од славната Голема награда на Абу Даби одржана во 2021 година не може да се помири со фактот дека шампионската титула ја освои Макс Ферстапен.

Во последниот круг од последната Голема награда на сезоната холандскиот возач го премина Британецот освојувајќи го првото место и првата шампионска титула по што продолжи неговата доминација. Асот на Мерцедес остана без рекорд за кој вели дека бил ограбен.

„Дали сум ограбен? Јасно е дека сум. Сите знаете што се случи. Ми помогна тоа што мојот татко беше со мене во тој момент па ми кажа дека морам да ја кренам главата горе без обѕир на се што се случи. Му честитав на Макс, знаев дека сите ќе гледаат во мене. И понатаму чуствувам болка кога ќе се потсетам на таа трка“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...