Хамшик: Доминиравме, а загубивме…Јувентус се бранеше со сите сили

Наполи го доживеа првиот пораз во Серија А оваа сезона, и тоа во најлош можен момент, на дербито против актуелниот првак Јувентус. „Наполитанците“ загубија со 0-1, а Словакот Марек Хамшик смета дека тоа нема да го поремети тимот да продолжи кон својата цел, во обидот за освојување на шампионската титула. Тој истакнува дека Наполи беше доминантен на дуелот со „старата дама“, иако на крајот ги загуби бодовите.

„Искрено, жал ми е за навивачите. Ни дадоа огромна поддршка. Загубивме, но се надевам дека не ги разочаравме премногу. Можеби резултатски потфрливме, но Наполи беше тимот што доминираше во текот на целиот меч. Јувентус постигна гол и потоа се бранеше со сите сили. Не успеавме да ги пробиеме, но одиме понатаму, нашата цел е да бидеме први на крајот од сезоната“, изјави Марек Хамшик.

Се вчитува...