Хандановиќ контра Конте: Судијата не ни е виновен што не го победивме Калјари

Интер загуби уште два бода во трката за скудетото откако тимот на Антонио Конте попладнево ремизираше на домашен терен со Калјари. Домаќините беа бесни на арбитражата, Лаутаро Мартинез во самиот финиш доби црвен картон, а тренерот Конте по мечот вербално ги нападна арбитрите.

Шефот на стручниот штаб во знак на протест не се појави пред новинарите, но интересно е што капитенот Самир Хандановиќ реши да даде изјава, застанувајќиво одбрана на судиите.

„Нормално е да се биде нервозен кога нема да се победи, но ние си ги промашивме нашите шанси. Сигурно не останавме без бодови поради судијата, се жалевме за некои ситни фаули што не беа досудени за нашите напаѓачи, но вината за ова реми не треба да ја бараме кај арбитрите. Мораме да бидеме посконцентрирани, да ја затвориме средбата кога имаме водство. Не смееме да ги повторуваме овие грешки, мораме сите да преземеме одговорност“, изјави Хандановиќ.

Се вчитува...