Хандановиќ на голот на Интер до 2021 година

Интер игра извонредно сезонава, па раководството на клубот веќе почна да ги наградува клучните фудбалери. Голманот Самир Хандановиќ денеска ги разреши дилемите околу својата иднина, потпишувајќи нов договор со „нероаѕурите“, со важност до 2021 година.

Словенецот, кој дојде на „Џузепе Меаца“ од Удинезе во 2012 година, во претходните две години беше поврзуван со заминување, но со доаѓањето на Спалети и зацврстувањето на одбраната Хандановиќ ја врати посакуваната самодоверба и сега повторно е еден од главните адути на Интер.

ФК Интер со задоволство објавува дека Самир Хандановиќ го продолжи договорот со нашиот клуб, потпишувајќи нов со важност до 30 јуни 2021 година“ – објави Интер на својата официјална веб-страница.

Се вчитува...