Хановер го претстави Кузмановски: Го баравме и додека играше за Металург…

Филип Кузмановски и дефинитивно ја продолжува кариерата во дресот на Хановер, клуб каде ќе се пресели во текот на летото откако македонскиот репрезентативец доби раскин на договорот со Магдебург на крајот од сезонава. Спортскиот директор на Хановер, Свен Сорен Кристоферсен, откри дека овој клуб го барал македонскиот бек и пред повеќе од една година.

„Веќе бевме заинтересирани за Филип кога имавме проблеми со повредите на Атман и на Патраил, но тој тогаш имаше договорен трансфер од Металург во Работник, па не успеавме да го доведеме. Задоволни сме што сега го имаме во своите редови, Филип има само 23 години и има потенцијал за огромен развој. Според она што го гледаме, тој е играч со квалитети и во нападот и во одбраната, кој ќе ни донесе динамика во играта“, истакна Кристоферсен.

Самиот Кузмановски не го криеше задоволството од реализираниот трансфер.

„Со нетрпение очекувам да дојдам во Хановер, да се запознаам со градот и со новата средина. Во текот на преговорите врз мене беа оставени позитивни впечатоци, можам уште сега да ветам дека ќе дадам се за тимот на Хановер да победува“, порача македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...