Ханси Флик ќе ја води Германија против Македонија во Скопје

Ханси Флик во текот на денот треба да биде назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија, пренесуваат германски Билд. Фудбалската федерација на Германија во текот на денот ќе го претстави искусниот стратег за нов селектор на „панцирите“.

Ханси Флик откако минатата сезона седна на клупата на Баерн уште во првата година успеа да ги освои сите трофеи, а како награда за одличната работа во баварскиот гигант тој ќе ја добие работата во фудбалската репрезентација на Германија.

Тоа значи дека Флик ќе го предводи четирикратниот светски шампион во квалификацискиот дуел за пласман на Мундијалот во 2022 година против Македонија во Скопје кој ќе се игра на 11. октомври годинава.

Се вчитува...