Хаосот што коронавирусот го создава во италијанскиот фудбал продолжи откако денеска беше обелоденето дека во таборот на Сампдорија има најмалку 15 заразени од Ковид-19. Информацијата ја објави фудбалерот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанкто, во интервју за чешките медиуми во кое говореше за хаосот што владее на Апенинскиот полуостров.
„Има илјадници заболени од болеста, по стотина луѓе умираат секој ден. Ситуацијата е станува се полоша, сите се загрижени. Со право постои тензија, во Сампдорија веќе има 15 лица со позитивни тестови за коронавирус, а бројката може уште повеќе да се зголеми во следните денови. Можеби и јас сум позитивен, но се уште не сум свесен за тоа. Се што можам да направам е да останам мирен, да се грижам за хигиената и да се надевам дека се ќе биде во ред. Спортот во моментов е најмалку важен, се што сакам е да се победи болеста, да нема веќе жртви“, изјави Јанкто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА