Хаос без граници во Италија: Одложен и куп-дуелот Јуве – Милан

Секој нареден ден хаосот со термините во италијанскиот фудбал станува се поголем, откако вечерва беше објавено дека ќе биде одложен и дуелот од Купот на Италија меѓу Јувентус и Милан што требаше да се игра утревечер во Торино.

До вчера информациите велеа дека на овој натпревар дури и ќе биде дозволено присуство на публика, за вечерва да биде официјално објавено дека дуелот е одложен на неодредено време, а новиот термин на одигрување дополнително ќе биде објавен.

Дека одлуката е донесена со огромно задоцнување најдобра потврда е фактот дека „росонерите“ веќе пристигнаа во Торино, двајцата тренери одржаа и прес-конференции пред натпреварот, за вечерва сите изненадено да ја дочекаат информацијата што пристигна од Рим.

Останува да се види дали ќе се одигра вториот полуфинален натпревар меѓу Наполи и Интер, закажан за в четврток во Неапол.

Се вчитува...