Хаос кај Ф-1 шампионите: Мерцедес ќе го отпушти Ботас?

Луис Хамилтон продолжува да доминира на патеките во Формула 1 шампионатот, но челниците на Мерцедес не се најзадоволни од стартот на новата сезона. Причината лежи во слабите изданија на Валтери Ботас, кој би можел да добие отказ уште во текот на оваа сезона доколку во најскоро време не почне да се бори за победа на трките од Ф-1.

Финскиот ас има договор со Мерцедес до крајот на годинава, но челниците на тимот сериозно размислуваат да му врачат отказ и на негово место да го доведат Џорџ Расел, 23-годишниот Британец кој возеше импресивно во Бахраин минатата кога како замена за Хамилтон кога светскиот првак беше позитивен на Covid-19.

Ботас има две втори, едно трето и едно петто место на стартот од сезонава, тој веќе пет години е дел од Мерцедес, забележувајќи само девет победи наспроти 44 триумфи на Луис Хамилтон.

„Во тимот владее незадоволство од она што го покажува Ботас, бидејќи сите се свесни дека го имаме најдобриот болид, а тој не го користи. Се повеќе владее мислењето дека Валтери не е достоен на предизвикот да вози за Мерцедес, а откако видовме што правеше Расел во Бахраин сега се повеќе владее мислењето дека тој би бил подобра опција за тимски колега на Луис отколку Ботас“, изјави член на тимот на Мерцедес за весникот „Дејли Мејл“.

Се вчитува...