Хаос меѓу Швајцарците: Играчите му свртеле грб на капитенот Гранит Џака!

Хаос во швајцарскиот табор на Светското првенство 2026, по неуспешниот резултат на дуелот против Катар.

Јавниот притисок е навистина голем врз Швајцарците и нивниот тренер Мурат Јакин, а ниту капитенот Гранит Џака не ги олеснува работите со своите изјави. Туку, како што пренесува швајцарски „Блик“, ги отежнува.

По нерешениот резултат против Катар, наместо чувство на оптимизам, кај Швајцарците преовладува чувство на разочарување. Многу играчи биле сериозно вознемирени и не се чувствуваат удобно по критичките коментари на Гранит Џака.

Џака беше видливо вознемирен по последниот свиреж на судијата против Катар, па критички се насочи кон некои свои соиграчи.

„Можете многу да зборувате, но сега мора да дејствуваме. Некои не знам што мислат, зошто сме тука, за по три натпревари да си одиме дома?“ – рече Џака по мечот, незадоволен од однесувањето на играчите на теренот и дисциплината на тимот.

Сето тоа наишло на незадоволство во соблекувалната. Поголемиот дел од репрезентативците на Швајцарија, наводно, верувале дека Џака бил премногу критичен кон нив, но и дека е премногу критичен на тренинзите.

Според новинарите на „Блик“, сето тоа влијае на моралот на тимот и води во токсична насока.

Швајцарија утре игра против Босна и Херцеговина на Мундијалот, во обид да го продолжи престојот на светското првенство.

Се вчитува...