Хаос на фудбалскиот пазар: Огромен пад на цената на Роналдо, Меси, Нејмар, Мбапе…

Во само еден месец пандемијата на коронавирусот го запре спортот. Запрени се речиси сите светски лиги, поради што и најбогатите клубови трпат милионски финансиски последици.

Експертите тврдат дека фудбалот повеќе никогаш нема да биде ист, пред се од финансиски аспект. Веќе е извесно дека трансфери како оние на Нејмар или Мбапе се веќе минато, и дека во иднина ќе се заборави на двоцифрените милионски месечни плати.

Во моментов има огромен пад на цената на најдобрите фудбалери. Речиси сите фудбалери се пониска вредност од околу 20%. Па, пазарната вредност, на пример, на Рахим Стирлинг падна од 160 милиони на 128 милиони евра, а онаа на Халанд од 80 на 71 милиони евра.

Интересно, Лионел Меси падна на осмото место меѓу највредните фудбалери со 112 милиони евра вредност, а Кристијано Роналдо никогаш не бил поефтин. Пред четири месеци вредеше 75 милиони евра, а сега „само“ 60 милиони евра. Нејмар, пак, пред коронавирусот вредеше 160 милиони евра а сега цената му падна за дури 32 милиони евра. Килијан Мбапе на крајот од минатата година вредеше 200 милиони евра, а неговата вредност сега е 180 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

Ranks 11-20 after today’s Corona Market Value Update! Check the top 10 on our profile!✌?

A post shared by Transfermarkt (@transfermarkt_official) on

Се вчитува...