Хаос на тениски меч: Играч загуби па на мрежа му удираше шлаканици на својот ривал (ВИДЕО)

Во првата рунда на ИТФ јуниорскиот турнир во Гана, Рафаел Анкра го совлада Микел Куаме со 6:2, 6:7 и 7:6, а потоа се случи хаос. По завршувањето на мечот, поражениот тенисер Куаме не го поднесе добро поразот. Го чекаше на мрежа Анкра, и кога пристигна почна да го удира со шлаканици.

Тука не застана се, па веднаш на тернеот влегоа членовите на двата тима, и потоа настана општа тепачка.

Потезот на Французинот ја шокираше публиката, што можеше да се забележи од видеата. Во еден момент Куаме исто така доби шлаканица од едно постаро лице, а веднаш е покрената истрага.

Се вчитува...