Хаос: Селекторот на Египет се онесвестил – по тепачка на двете сопруги

Селекторот на фудбалската репрезентација на Египет, Хосам Хасан, се соочи со неверојатен проблем откако во ексклузивен хотел во татковината дојде до сериозен инцидент и тепачка – меѓу неговата поранешна и сегашна сопруга.

Хасан се разведе од сопругата Хуида Ел-Габрави со која има две деца, по што стапи во брак со втората сопруга, но фудбалскиот стратег не очекувал „војна“ каква што се случи при нивната средба во престижниот хотел на северниот брег на Египет.

Се почнало со навреди, но набрзо прераснало во физички конфликт во кој летале тврди предмети, но и удари меѓу двете жени. по што интевенирало и обезбедувањето.

Самиот Хасан се обидел да ја спречи тепачката, но од големиот стрес колабирал и со возило на брза помош бил пренесен во најблиската болница, информираат египетските медиуми, додавајќи деак тој потоа бил пуштен на домашно лекување.

Се вчитува...