Хаос во Барселона – Шест членови заминуваат поради Бартомеу

Шест членови од раководството на Барселона незадоволни од претседателот Жозеп Бартомеу поднеле оставка, со што дополнително се зголеми кризата во каталонскиот гигант. Во своето заеднички писмо пратено до Бартомеу тие навеле дека поднесуваат неотповиклива оставка.

„Дојдовме до точка во која не се гледаме способни да ги вратиме критериумите и начинот на управување на клубот воочи големите предизвици кои следуваат во иднина, а посебно по сценариото со коронавирусот. Незадоволни сме и со несреќната епизода со социјалните мрежи позната како „Барсагејт“ за која моравме да дознаеме од медиумите. Бараме конечно да се претстават резултатите од ревизорската контрола и секој да ја поднесе својата одговорност“, стои во заедничкото писмо. 

Оставки поднесоа Емили Русан, Енрике Томбас, Силвио Елиас, Жозеп Понт, Марија Теишидор и Жорди Калсамилја со што раководството од 19 се намали на 13 члена.

Се вчитува...