Хаос во Франција: Пукано со пиштол кон фудбалери на Олимпик Марсеј

Суперхаотична е оваа сезона за Олимпик Марсеј, овој тим по голема битка не успеа да стигне до билет за европските купови, но дното е допрено по информацијата дека во раните утрински часови е пукано кон тројца фудбалери на Олимпик.

Не станува збор за инцидент поврзан со резултатите на теренот, туку за обид за грабеж на автомобилите на Жан Онана, Бамо Меите и на Фарис Муњана. Се се случило околу три часот наутро, кога експедицијата на Олимпик се вратила од гостувањето од Авр, а непосредно пред влегувањето во автомобилите на фудбалерите им се приближиле крадци вооружени со пиштоли.

Играчите веднаш влегле во автомобилите и побегнале, по што било пукано врз нив. Едниот автомобил е два пати погоден во вратата на возачот, на другиот куршумите завршиле во багажникот, а за среќа фудбалерите на Олимпик останале неповредени по страшниот инцидент.

Се вчитува...