Хаос во Јувентус, караница меѓу италијанските легенди и странците?!

Италијанскиот првак Јувентус оваа сезона не игра според очекувањата во Серија А, па оттаму и заостанувањето зад лидерот Наполи и зад второпласираниот Интер на табелата. Но, за тоа најверојатно има и посебна причина. Медиумите во Италија објавија голема афера во редовите на „старата дама“, дека тимот е поделен на домашни фудбалери и странци, нешто што многу често е пракса во спортските колективи.

Кога се победува, тогаш се е идеално, но кога ќе дојдат малку послаби резултати, тогаш сите проблеми излегуваат на виделина. Наводно, како што октрива „Дагоспиа“, медиум кој многу добро е информиран за случувањата во Јувентус, во соблекувалната има голем раздор. На едната страна се италијанските легенди Џанлуиџи Буфон, како и Кјелини, Барѕалји и Маркизио, а од другата страна се Бразилците Даглас Коста и Алекс Сандро. Останатиот дел од странците, како Игуаин, Дибала, Манџукиќ, засега се неутрални, но можно е и тие да се вклучат во оваа „војна“.

Буфон и италијанските фудбалери ги обвиниле Бразилците дека не се залагаат доволно и од нив очекуваат поголема жртва за дресот на Јувентус. Но, и овие им возвратиле дека возраста на Буфон, Кјелини и останатите е главната причина за слабите резултати на Јувентус.

Сето ова се случува непосредно пред големото дерби против Наполи, кое е на програмата утревечер, на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол.

Се вчитува...