Хаос во Јувентус – Судир меѓу играчите, Влаховиќ казнет!

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ доби казна од Јувентус, поради конфликтот со Мануел Локатели.

Во претходното коло од Серија А, Јувентус доживеа болен пораз од Фиорентина, што дополнително ја искомплицира борбата на „Старата дама“ за Лигата на шампионите.

Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и во соблекувалната меѓу играчите.

За време на натпреварот, имаше и вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што дополнително го потресе тимот во најнезгодниот момент од сезоната. Во клубот не се подготвени да го игнорираат таквото однесување.

Поради инцидентот, раководството на Јувентус одлучи финансиски да ги санкционира двајцата играчи, додека построги мерки како што се суспензии беа избегнати, со оглед на важноста на мечевите во финшот на првенството.

Српскиот напаѓач неодамна се врати од паузата поради повреда и веднаш покажа колку многу значи за тимот, постигнувајќи два гола за краток период. И покрај турбуленциите, тој остана еден од клучните играчи на Јувентус на крајот од сезоната.

На едно коло до крајот на Серија А, Јувентус е на шестата позиција и има само теоретски шанси да се пласира во Лигата на шампионите. За тоа, сепак, ќе му треба победа во градското дерби против Торино, како и поволен исход на другите терени.

Се вчитува...