Хаос во Кјелце: Намалени плати за 25%, неизвесна иднина на клубот…

Полскиот првак Кјелце би можел за една година да исчезне од европската ракометна мапа доколку не биде најден нов начин на финансирање. Сопственикот Бертус Сервас пред извесно време уверуваше дека иако има проблеми, сепак опстанокот на клубот не е доведен во прашање. Сепак, откако градот Кјелце објави дека веќе нема финансиски да го поддржува ракометниот колектив Сервас е доведен во небрано, да нема начин да го обезбеди планираниот буџет.

Хаосот е веќе настанат, па клупската управа денеска обелодени дека е постигнат договор со ракометарите нивните плати да бидат намалени за 25% за наредната сезона. Воедно, од Кјелце објавија дека активно бараат нови спонзори, а доколку истите не бидат најдени, ќе се нема друг излез освен да се дозволи најдобрите ракометари наредното лето да го напуштат клубот, поради неможноста на полскиот гигант да ги исполни обврските кон нив.

Нов член на Кјелце од ова лето е Лука Циндриќ, а од пред една година дресот на овој клуб го носи уште еден „вардарец“, Алекс Душебајев.

Се вчитува...