Летната лига на НБА многу играчи ја користат како шанса за докажување и осигурвање на договор за настап во најсилната кошаркарска лига, меѓутоа има и такви кои едноставно не можат да ги спречат страстите при неспортски потези.
Така беше на дуелот помеѓу Сакраменто и Далас кога при крајот на мечот дојде до голем инцидент откако при обид за атрактивно забивање на Чимензи Мету, кошаркарот на Далас, Јуџин Оморуи направи неспортки прекршок по што веднаш следеше реакција на кошаркарот на Сакраменто.
Мету не успеа да ги смири страстите, стана од паркетот и замавна кон противникот по што го погоди во главата. Судиите и соиграчите брзо реагираа и спречија поголем инцидент, а двата кошаркари беа исклучени од натпреварот.
Mavs forward Eugene Omoruyi (flagrant 2) and Kings forward Chimezie Metu (punching foul) were both ejected after this play: pic.twitter.com/WGXSh8FUnP
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) August 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА