ХАОС ВО МЕКСИКО – Масовна тепачка, деца бегаа од стадион, двајца во критична состојба (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Керетар и Атлас беше прекинат поради тепачка на трибините во која беа повредени десетици навивачи, од кои двајца се во критична состојба. Официјално повредени се 22 луѓе, од кои девет се префрлени во болница, а двајца во критична состојба.

Иако на социјалните мрежи се појавија информации дека има и загинати, сепак тоа беше брзо демантирано. До тепачката на трибините дошло во второто полувреме. Навивачите во 63. минута втрчаа на стадионот како би ја избегнале тепачката, а на стадионот имаше и деца кои со своите родители гледаа како да спасат жива глава.

Во моментот кога настана тепачката Атлас имаше водство од 1-0. Дисциплинската комисија веќе отвори истрага за целиот случај.

 

Се вчитува...