Хаос во Мелбурн: Двајца навивачи исфрлени од централниот терен поради поддршката која ја даваат за Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Продолжува хаосот во Мелбурн поради ситуацијата со Новак Ѓоковиќ која се повеќе наликува на еден обичен циркуз. Поддржувачите на Србинот се на улиците во австралискиот град давајќи голема поддршка за својот миленик, а некои од нив се решија да го посетат и АТП турнирот Мелбурн кој се одржува токму на терените на Австралија опен.

Двајца од фановите на Ѓоковиќ беа исфрлени од централниот терен во Мелбурн парк поради транспарент со поддршка на Срибнот на кој пишува:

„Новакс (не на вакцините) Ѓоковиќ е заложник на комунистичката држава Ден Ендрјуз“, стоеше на натписот. 

Се вчитува...