Хаос во НБА – Прекинат меч, па евакуација на сите присутни (ВИДЕО)

Натпреварот од претсезоната во НБА лигата меѓу Мемфис Гризлис и Милвоки Бакс мораше да биде завршен порано од планираното.

Причина е противпожарниот аларм кој се уклучил поради што навивачите морале да ја напуштат арената. Кошаркарите и персоналот прво беа спроведени во соблекувалните, а потоа кога беше јасно дека натпреварот нема да биде довршен и надвор од салата.

Се наведува дека опасност за учесниците немало, но поради протоколите морала да реагира противпожарната служба.

Се вчитува...