Хаос во Сампдорија: Уште четири фудбалери позитивни на коронавирусот

Сампдорија е најпогодениот клуб во Италија од Ковид – 19 вирусот, откако денеска беше обелоденето дека уште четири фудбалери се заразиле од оваа болест, која примарно беше утврдена кај Маноло Габиадини.

Позитивниот тест на голгетерот Габиадини го запали алармот, веднаш беа направени тестови врз сите останати фудбалери и членови на управатта, a резултатите беа алармантни за Самп – четири играчи исто така се позитивни на Ковид – 19.

Како што јавуваат италијанските медиуми, станува збор за Омар Коли, Албин Екдал, Мортен Торсби и Антонио Ла Гумина, а се очекува вечерва оваа информација да ја потврди и раководството на Сампдорија.

Италијанското првенство е стопирано до 3 април, но доколку продолжи овој тренд на ширење на болеста меѓу фудбалери на различни прволигаши лесно може да се случи да дојде до ново одлагање.

Се вчитува...