Хаос во Тотенхем: Хари Кејн почна со штрајк, бара трансфер во Манчестер Сити

Хари Кејн влезе во војна со управата на Тотенхем откако англискиот репрезентативец воопшто не се појави во тренинг-комплексот на „спарси“ иако беше предвидено тој денеска да се приклучи на подготовките на својата репрезентација.

Кејн доби продолжен одмор поради настапот со Англија до самиот крај на ЕВРО 2020, но голгетерот е цврсто решен да издејствува трансфер во текот на летниот преоден рок, па воопшто нема намера да му се стави на располагање на Нуњо Еспирито Санто. Англичанецот смета дека лани добил ветување од управата дека летово ќе му биде дозволено да ги промени клупските бои, а на ставот на Даниел Леви од последните месеци гледа како на предавство од страна на управата на клубот каде го мина досегашниот дел од кариерата.

За потсетување, Хари Кејн уште пред крајот на ланската сезона објави дека бара нов предизвик во кариерата, клуб со кој конечно ќе почне да освојува трофеи. Манчестер Сити делува најзагреано за овој фудбалер, но понудата од 100 милиони фунти беше експресно одбиена од страна на Тотенхем. „Спарси“ според неофицијалните информации бараат најмалку 150 милиони фунти за својот капитен, притоа одбивајќи Сити во понудата да вклучи и некој од своите фудбалери.

Останува да се види дали штрајкот што денеска го почна Кејн ќе вроди со плод и конечно ќе му биде дозволен трансфер, или сагата ќе продолжи до крајот на преодниот рок.

Се вчитува...